background image

Сензационален триумф на Романките

Екипата на ЦСМ Букурешт е сензационален освојувач на Лигата на европските шампионки, откако денеска триумфираше во финалето од Ф4 викендот.



На Романките не им беа доволни 60-те мининути од регуларниот дел на натпреварот за да го совладаат тимот на Ѓер, а не беа доволни ниту десетте минути од продолжението. Во регуларниот дел од мечот беше 22:22, а на крајот 25:25. Затоа во пенал серија Букурешт беше убедлив со 4:1.

Ова победа на ЦСМ Букурешт е големо изненадување за сите. Тимот сезонава ја играше дебитантската година во Лигата на шампионите и веднаш на стартот успеа да дојде до трофејот. Во Будимпешта ракометарките на оваа екипа допатуваа како аутасјдерки, но на крајот успеаа многумина да изненадат.

Нашиот претставник на завршницата од ЛШ тимот на Вардар, трета година по ред завршува како третопласирана екипа, повторно пропуштајќи да обезбеди пласман во финалето.

08-мај-2016 19:57