background image

Утешна победа за ракометарките

Вардар го освои третото место на Ф4 викендот во Будимпешта, во рамките од Лигата на европските шампионки во ракомет.



Во „малото“ финале Вардарки ја совладаа екипата на Будуќност со 30:28 и покажаа дека вчерашниот пораз во 1/2 финалето од СЦМ Букурешт, беше само лош ден и дека оваа екипа поседува квалитет потребен за да се освои европскиот трон.

Црногорската екипа беше непосакуван противник за полуфиналето, но македонскиот тим успеа да дојде до триумфот и трета година по ред да се закити со бронзениот медал на Ф4 турнирите.

Андреја Пенезиќ вчера потфрли, но денеска беше најдобрата во тимот со седум гола, а одлична во финишот беше и Барбара Лазовиќ со четири реализирани погодоци.

Во финалето од Лигата на шампионите се среќаваат ЦСМ Букурешт и Ѓер.

08-мај-2016 16:52