background image

Катастрофа на Вардар во Будимпешта

Трета година по ред екипата на ЖРК Вардар не успева да обезбеди пласман во финалето од Лигата на европските шампионки.



Во денешното 1/2 финале со ЦСМ Букурешт одигран во Будимпешта, Вардарки загубија со 27:21, а самиот краен резултат и не е така страшен ако се земе во предив дека Романките водеа и со 12 гола разлика, а дури откако на средината од второто полувреме тие се опуштија, „црвено-црните“ дојдоа во можност барем малку да ја намалат предноста на противничките.

Андреа Лекиќ беше најефикасната во редовите од нашиот тим со шест постигнати гола, но затоа Андреа Пенезиќ реализираше само еден удар од шест обиди. Сепак, овој пораз не смее да се гледа низ призмата на индивидуалната одговорност, тука исклучиво како комплетно потфрлање на целиот состав заедно со стручниот штаб.

Во утрешното финале ЦСМ ќе игра против екипата на Ѓер, додека Вардар во борбата за третото место ќе се сретне со Будуќност.
 

07-мај-2016 19:20