background image

Ништо од „црвено-црната“ сензација

Вардар ремизираше, не се посрамоти, но и не успеа да ја анулира предноста на Веспрем од три гола разлика остварена во Скопје.



„Црвено-црните“ одиграа 30:30 во возвратниот 1/4 финален натпревар од Лигата на ракометни шампиони, но тоа беше недоволно за да се направи сензација. Македонскиот шампион одлично го започна натпреварот, оствари предност од три гола разлика што успешно ја оддржуваше. Но, затоа во второто полувреме ракометарите на Веспрем покажаа дека се сепак поквалитетни од Вардар и успеаа да воспостават резултатска контрола, која што на крајот ги однесе на Ф4 викендот во Келн.

Момир Илиќ со девет погодоци повторно беше најефикасниот поединец на натпреварот, додека во редовите на Вардар со пет гола се истакна Алекс Душебаев.

Трета година поред Варци патот во Лигата на шампионите го завршуваат во 1/4 финалната фаза. Далеку од тоа дека се работи за слаб резултат, но доколку аспирациите на клубот се чекор нанапред, тогаш нешто секако дека ќе треба да се менува.

30-апр-2016 19:21