background image

Веспрем е подобар од Вардар

Македонскиот првак Вардар доживеа пораз од 26:29, во првиот 1/4 финален натпревар од Лигата на европските шампиони во ракомет.



Веспрем повторно покажа дека е барем за нијанса поквалитетен од нашиот тим, па по триумфот во финалето од СЕХА лигата, Унгарците се на прагот да ја добијат и оваа пресметка со Вардар и да се пласираат на Ф4 турнирот во Келн.

Далеку од тоа Веспрем е за класа подобар од Вардар, но на денешниот дуел одигран во Скопје гостите презентираа извонредно паметна игра, со која успеаа да го анулираат секој налет на вардаровите ракометари, а со тоа и да ја релативизираат поддршката од традиционално гласната публика.

Момир Илиќ со девет постигнати гола беше нерешлива мистерија за одбраната на „црвено-црните“, а седум погодоци реализираше Арон Палмарсон. Во редовите на македонскиот шампион најефикасни беа Игор Карачиќ и Тимур Дибиров со по шест постигнати гола.

Нормално дека е спортски да се надеваме дека на реваншот во Унгарија Вардаци ќе имаа шанса за комплетен триумф, иако тоа по денешниот дуел се чини како невозможно.

23-апр-2016 17:39