background image

Бразилка на голот на ЖРК Вардар

Бразилката Мајса Песоа е новото засилување на ЖРК Вардар за следната сезона.



Оваа 31-годишна голманка ги брани боите на противникот на „црвено-црните“ во полуфиналето на Фајнал фор, ЦСМ Букурешт, а од следната сезона ќе му се приклучи на македонскиот првак.

„Имам добро чувство за Вардар, можам да почувствувам дека правам вистински потег. Тимот е одличен, со фантастични играчи кои се борат да го освојат пехарот во Лигата на шампионите. Ова е нов предизвик за мене и за мојата кариера, нова авантура која многу ја сакам. Ме тера да се борам повеќе, да работам повеќе и да дадам сѐ од себе", изјави Песоа за клупскиот сајт на ЖРК Вардар.

Песоа во романскиот првак настапува од 2014 година, а откако е дојдена од Бразил во Европа, во 2011 година, настапуваше и за Иси од Париз и за Динамо од Волгоград. Стануваше шампион на Романија и на Русија, а нејзин далеку најголем успех во кариерата е светското злато со репреззентацијата на Бразил, освоено во 2013 година.
 

22-апр-2016 12:51