background image

Ристовски потпиша за Барселона

Борко Ристовски е вториот македонски репрезентативец, кој ќе биде дел од составот на Барселона.



Ова денеска го потврдија од редовите на каталонскиот клуб, но и од неговиот досегашен тим Рајн Некар-Левен. Објавено е дека сите детали за трансферот на македонскиот голман биле дефинирани викендов, по што Ристовски од наредната сезона ќе му биде репрезентативниот колега на Кире Лазаров.

Во Барса тој ќе го замени Даниел Шариќ, кој ќе замине во Катар, а минутажата ќе ја дели со Гонзало Перес де Варгас.

Ова е многу значаен момент за кариерата на Ристовски, но и за македонскиот ракомет воопшто, бидејќи малку земји можат да се пофалат дека имаат двајца репрезентативци во составот на големата Барселона.

18-апр-2016 18:15