background image

„Вардарки“ го добија Букурешт

Ракометарките на Вардар ќе играат против ЦСМ Букурешт во полуфиналето на Лигата на шампиони.

„Нормално е дека размислувавме кој противник е најдобар за нас, ама мора да бидеме со нозе на земја зашто кој било тим да е од Ф4, е квалитетен. Ете ни падна Букурешт кој го познаваме, но и тие не познаваат таму. Сите ќе речете со Букурешт е лесно, но со ни една екипа нема да биде лесно. Мора да бидеме максимално спремни. Не сакам да се дигнеме во облаци, ни ние ни девојките ни клубот дека сме во финале, треба полека чекор по чекор. Затоа ја молам цела јавноста и вас новинарите да не не ставате во финале. Признавам дека сум малку посреќна што не е Будуќност, или пак Ѓер, кој има мала предност како домаќин на турниров“, изјави Индира Кастратовиќ.

Црвено-црните сезонава веќе одиграа два натпревари против романската екипа и тоа во втората фаза по групи и два пати победија прво во Скопје со 22:21, а на гостувањето во Романија со 30:25.

Во второто полуфинале ќе играат Будуќност и Ѓер, екипите кои триумфираа на последните два завршни фајналфор турнири.

Годинашното издание на завршницата на Лигата на шампионките, повторно ќе се одржи во Будимпешта, и тоа, полуфиналните натпревари ќе се играат на 7 мај, а финалето и мечот за 3.место на 8 мај.

15-апр-2016 14:34