background image

Македонија во група со Исланд, Чешка и Украина

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска.



Македонија се наоѓа во четвртата квалификациска група заедно со Исланд, Чешка и Украина.

Квалификациите ќе се играат од 2 ноември 2016 година до 18 јуни 2017 година. Двете првопласирани селекции од секоја група и најдобрата трета од седумте групи ќе се пласираат на првенството.

На жрепката во Дубровник беа извлечени и другите шест групи:

Група 1: Данска, Унгарија, Холандија, Летонија.
Група 2: Полска, Белорусија, Србија, Романија.
Група 3: Шпанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Финска.
Група 5: Германија, Словенија, Португалија, Швајцарија.
Група 6: Шведска, Русија, Црна Гора, Словачка.
Група 7: Франција, Норвешка, Литванија, Белгија.

Европското првенство во Хрватска ќе се игра од 12-28 јануари 2018 година.

Распоред на натпревари:
02/03.11.2016 Македонија – Украина
05-07.11.2016 Чешка – Македонија
03/04.05.2017 Македонија – Исланд
06/07.05.2017 Исланд – Македонија
14/15.06. 2017 Украина – Македонија
17/18.06.2017 Македонија – Чешка
 

14-апр-2016 17:30