background image

Збогум од Мојсо

Наумче Мојсовски со солзи во очите го одигра последниот натпревар во дресот на Македонија.



„Со Кире Лазаров почнавме во оваа репрезентација уште од наши 16 години. Почнавме со баражи, направивме големи успеси како 5 место на ЕП, 9 место на СП и многу пласмани на големи натпреварувања. Се движевме нагоре, заедно растевме, мислев дека во август ќе биде простувањето.

Но, се случија непосакувани резултати, Тунис не врати назад. Мислам дека ова беше последен меч. Ќе дојдам во јуни, да им дадам поддршка на момците во баражот за СП, да се простам со публиката. Би сакал навивачите да ги паметат добрите резултати, успесите…Светот останува на помладите, спортот исто така, ќе се радуваме понатаму на нивните успеси. Доста е останува на младите тие имаат квалитет да не наследат“, изјави Наумче Мојсовски.

10-апр-2016 20:14