background image

Пирова победа над Чиле

Македонските ракометари со победа од 30:27 над Чиле ги завршија неуспешните квалификации за ОИ во Рио.



До победата стигнавме без клучните играчи Лазаров, Мансков, Ристовски и Георгиевски кои го гледаа мечот од клупата.

Наумче Мојсовски го одигра последниот натпревар во националниот тим и мечот го заврши со четири погодоци, исто колку и Манасков (сите од пенал) и Ојлески, додека најефикасен беше младиот Костески со шест гола.

Ова беше и последен меч на Ивица Обрван на клупата на Македонија. Сега останува да се направи добра анализа и подготовка за јуни кога играме бараж со Чешка за продолжување на настапите на големите натпреварувања.

10-апр-2016 20:04