background image

Младинците се пласираа на ЕП во Данска

Младата репрезентација на Македонија на убедлив начин обезбеди пласман на Европското првенство во Данска.



Во решавачкиот натпревар од квалификациите во Шафхаузен, нашите надежи ја поразија Црна Гора со 36:24.

По фијаското кое го доживеаја сениорите на олимпискиот квалификациски турнир во Гдањск, барем младите ни донесоа малку радост овој викенд. Филип Кузмановски кој вчера отпатува да им помогне на младинците беше најефикасен на натпреварот со 10 гола, Томислав Јагуриноски даде седум, а Горан Крстевски беше стрелец на пет погодоци.

Покрај Македонија, пласман на ЕП во Данска оствари и домаќинот Швајцарија која го освои првото место во групата.  

10-апр-2016 16:24