background image

Обрван поднесе оставка

По дебаклот на олимпискиот квалификациски турнир, односно поразот од Тунис, селекторот на Македонија, Ивица Обрван поднесе оставка.



Тој призна дека тимот не бил психички подготвен за мечот, дека одиграл многу лошо и изгорел во желбата за пласман ан ОИ.

„Сите заедно имавме еден голем сон да станеме прва македонска генерација која се пласирала на Олимписките игри. Не успеавме. Изгоревме во желбата и заслужено изгубивме. Лошо го отворивме мечот, игравме во грч и на крајот не можевме да се вратиме. Имавме неколку шанси да фатиме приклучок но не ги искористивме. По ова се повлекувам од селекторското место на репрезентацијата на Македонија“, изјави Обрван кој од март 2013. година е на чело на селекцијата.

09-апр-2016 21:31