background image

Лазаров: Изгубивме глава

Траорна атмосфера во македонскиот тим по болниот пораз од Тунис, кој значеше крај на олимписките надежи за пласман во Рио.



„Катастрофа, не е време да се дава избрзани одлуки. Eдноставно изгубивме глава, отворивме лошо, целиот меч се претвори во хаос, кога имавме шанса да се доближиме утнавме зицери. Се мотивиравме сакавме да успееме, но не го направивме тоа“, изјави во солзи капитенот Кире Лазаров

И Дејан Манасков остана без зборови по мечот.
„Ги пропуштивме нашите животни шанси, тежок пораз. Не одигравме како што треба. Сите посакувавме, а разочаравме. Немам зборови.“

„И на првиот отворивме лошо и овој меч исто така. Факт е дека ние се разочаравме самите себе и цела македонска јавност. Ова беше шанса за државата најмалку се гледавме себеси, пеколно болен пораз. Ние Македонците сме навикнати да растуриме се, треба на нозе да го издржиме ова. Ја разочаравме Македонија. Имаме уште многу што да кажеме, најлесно е да се откажеме.“, рече голманот Борко Ристовски.

09-апр-2016 20:22