background image

Наместо химната им ја пуштија Гангнам стајл

Ракометарките на Норвешка го декласираа Порторико со 39:13 на Светското првенство во Данска, но тоа не беше вест на денот.

 

Норвежанките доживеаја непријатност пред почетокот на мечот кога наместо националната химна им беше пуштена Гангнам стајл. Официјалниот спикер дури и ја најави химната, но следеше шок и мегахитот на корејскиот изведувач.

09-дек-2015 11:30