Ред Бул со РБ8 во одбрана на титулата |
Ред Бул со РБ8 во одбрана на титулата
Актуелниот шампион во конкуренција на конструктори Ред Бул го претстави болидот во кој Себастијан Фетел оваа година ќе ја брани шампионската титула.
| « врати се назад |

За разлика од 2010 година, Фетел во минатата година многу доминантно стигна до одбрана на титулата, а оваа сезона има можност да ја освои третата титула со што би станал најмлад троен светски првак.
Како и претходните три сезони возачкото дуо на Ред Бул ќе го сочинуваат, Себастијан Фетел и Марк Вебер.
Новиот болид РБ8, повторно го дизајнираше Адријан Њуи, човекот што се смета за најзаслужен за доминацијата на Ред Бул. РБ8 потсетува на минатогодишниот болид со кој Фетел и Вебер триумфираа на 12 од 19-те трки, а измени има во предниот дел (носот), како и во издувниот систем заради новите правила кои стапуваат на сила.
Болидот РБ8 беше претставен преку официјалниот сајт на тимот, а прва можност да го тестираат Фетел и Вебер ќе имаат во вторник, кога започнуваат тестирањата на патеката Херез во Шпанија.
























