Ads

Петров го менува Трули во Катерам

Петров го менува Трули во Катерам

Формула 1 тимот на Катерам соопшти дека на местото на Италијанецот Јарно Трули го ангажирале Русинот Виталиј Петров.

Петров го менува Трули во Катерам

Тоа значи дека во Формула 1 за прв пат од 1970. година нема да има ниту еден италијански возач.

Новиот член на Катерам, Петров кон крајот на минатата година доби отказ од екипата на Рено.

"Сакам да им се заблагодарам на Катерам што ми дадоа можност да се приклучам кон тимот кој во иднина ќе прерасне во сериозна сила. Цела сезона напорно тренирав и подготвен сум да се вратам на работа. Од она што успеав да го видам нашиот нов болид е чекор понапред во однос на 2011. година и со нетрпение чекам да го пробам на тестирањето во Барселона", изјави Петров.

Тимот на Катерам во претходните две сезони го носеше името Тим Лотус, а се уште нема освоено ниту еден бод во "најбрзиот циркус во светот".

Покрај Петров, за тимот од Малезија оваа сезона ќе вози и Финецот Хеики Ковалаинен.

Новата сезона во Формула 1 започнува на 18. март со трката за Голема награда на Австралија во Мелбурн.


17. Февруари 2012 - 18:10
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

19
највисока темп.
16
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk