Ads

Новиот Ферари на 3. февруари

Новиот Ферари на 3. февруари

Италијанскиот Ф1 тим Ферари објави дека на почетокот на следниот месец ќе го претстави новиот болид кој би требало да ги врати на старите патеки на успехот.

Новиот Ферари на 3. февруари

Тимскиот шеф Стефано Доминикали најави дека болидот ќе биде претставен на 3. февруари во седиштето на Ферари во Маранело, а потоа доколку условите дозволат ќе се извозат неколку круга на патеката во Фиорано.

Ферари во минатата сезона заврши на разочарувачкото трето место во генералниот пласман на конструктори, а единствената победа во сезоната ја забележа Фернандо Алонсо во јули за Големата награда на Велика Британија.

Поранешниот двоен шампион сезоната ја заврши на четврто место, а неговиот клупски колега Фелипе Маса беше шести.

Првите тест возења на болидот се закажани за 6. февруари на патеката Херез во Шпанија, а сезоната стартува на 18. март кога ќе се вози Големата награда на Австралија во Мелбурн парк.


11. Јануари 2012 - 14:43
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

19
највисока темп.
16
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk