Мерцедес го презентираше новиот болид |
Мерцедес го презентираше новиот болид
Екипата на Мерцедес го претстави болидот W03 со кој Шумахер и Розберг ќе возат во претстојната сезона од Формула 1 шампионатот.
| « врати се назад |

Пред почетокот на вторите предсезонски тестирања во Каталонија, екипата на Мерцедес го претставија болидот за новата сезона. Болидот беше презентиран од возачите Михаел Шумахер и Нико Розберг.
Болидот W03 нема радикални промени, а единствено позабележителни се промените на предниот дел.
„По сите овие години и тестирања на нови болиди, морам да кажам дека ова е посебно чувство. Имаме добар болид и едвај чекам да почне новата сезона“, изјави Шумахер.
Мерцедес минатата сезона заврши на четвртата позиција во конкуренција на конструктори, зад Ред Бул, Мекларен и Ферари. Новата сезона почнува на 18 март со трката во Австралија.
























