Каталонија ја укинува ГН Шпанија? |
Каталонија ја укинува ГН Шпанија?
Регионалната влада на шпанската покраина Каталонија во иднина нема да биде во можност да ги финансира формула 1 и трката во мотоциклизам кои се одржуваат во оваа област.
| « врати се назад |

Претседателот на каталонската влада, Франсеск Хом изјави дека заради големите финансиски проблеми, тие сериозно размислуваат за укинување на формула 1 трката за Големата награда на Шпанија, како и Големата награда на Каталонија во мотоциклизам.
Како можно решение за трката во формула, се наведува заедничкото одржување на една трка со Валенсија која од 2008-та година е домаќин на трката за Големата награда на Европа, а организаторите на оваа трка исто така се соочуваат со големи финансиски проблеми.
Шпанските медиуми прогнозираат дека трките во 2012-та година сигурно ќе се одржат, но за трките во иднина е потребно потпишување на нов договор со раководството на Формула 1 шампионатот.
























