Француски мотоциклист во критична состојба |
Француски мотоциклист во критична состојба
Францускиот мотоциклист Себастијан Ку се наоѓа во критична состојба откако е пронајден во бесознание на една одалечена песочна дина на релито Дакар, кое се вози во Аргентина.
| « врати се назад |

Лекарите објавија дека Ку веројатно се онесвестил заради високата температура, од 40-тина степени и се уште е непознато колку долго лежел во бесознание на толкава жештина.
"Го примивме во болница во критична состојба. Не знаеме колку долго бил изложен на сонце. Моментно е на интензивна нега, телесната температура му е преку 40 степени", изјави директорот на болницата Армандо Даверне.
За три дена од почетокот на рели Дакар, загинаа три лица. Аргентинскиот мотоциклист Хорхе Мартинез Боеро загина во текот на првата етапа во неделата, а истиот ден животот го загубија и татко и син кога нивниот мал авион со кој ја следеле трката се срушил.
Ова е четвртта година по ред трката да се одржува во Јужна Америка, откако во 2008. година беше преместен од Африка заради страв од тероризам.
Релито Дакар почна на 1. јануари во Мар дел Плата во Аргентина, а завршува на 15. јануари во главниот град на Перу, Лима.
























