Ферари го промовираше новиот болид |
Ферари го промовираше новиот болид
Откако беа приморани да ја откажат големата презентација заради облините снежни врнежи во Италија, тимот од Маранело го промовираше болидот F2012 преку својата вебстрана.
| « врати се назад |

Гламурозната презентација и првото пробно возење на новиот болид на Ферари за 2012-та беше откажан заради обилните снежни врнежи во Италија и ширум Европа, но само еден ден по откажувањето, тие се решија да го презентираат моделот F2012 преку својата официјална вебстрана.
Новиот болид има неколку промени од претходната сезона и е прв изработен болид под водство на новиот технички директор Пет Фрај.
Освен промоцијата, откажано е и пробното возење, па се уште не е познато дали моделот F2012 ќе биде испробан пред првите предсезонски тестирања кои почнуваат во понеделник во Шпанија.
Целосната презентација на F2012 можете да ја проследите на следното видео:
























