Ads

"Докторот" не размислува за пензија

"Докторот" не размислува за пензија

Деветкратниот светски шампион Валентино Роси изјави дека не размислува за повлекување, туку е концентриран на успех со својот тим Дукати.

"Докторот" не размислува за пензија

Минатата сезона, која беше премиерна за Роси во тимот на Дукати за прв пат во неговата кариера не забележи ниту една победа во Мото ГП шампионатот.

Италијанецот вели дека му е цел да остане во Мото ГП првенството и по крајот на оваа сезона и дека најидеално би било да го врати Дукати на врвот пред да реши да го напушти овој спорт.

"Во текот на сезоната работите ќе бидат многу интересни затоа што на возачите им истекуваат договорите и картите ќе бидат измешани. Искрено не знам ништо по прашање на мојата иднина. Би сакал Дукати да биде брз и да имам можност да освојам нешто и потоа да се повлечам, но не сега. Сакам да се натпреварувам уште неколку години, да остварам уште некои добри резултати и тоа е мојата цел, но постојат уште многу можности. Би сакал барем уште две години да останам во Мото ГП шампионатот", изјави популарниот "Доктор".

Роси истакна дека се уште не размислува за 2013. година затоа што не сака тоа да му го одвлекува вниманието во намерата да ги подобри своите резултати со Дукати во претстојната сезона.

"Мислам дека преговорите за новиот договор ќе започнат во текот на сезоната, бидејќи треба да се организираме за 2013. година. Не сакам тоа да го направиме прерано затоа што ризикуваме губење на концентрацијата во борбата за титулата, но сигурно се ќе решиме кога ќе дојде време за тоа", вели Роси.

Мото ГП шампионатот стартува со Големата награда на Катар на 8. април.


10. Јануари 2012 - 16:27
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

22
највисока темп.
19
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk