background image

Lamborghini го удвојува производството

Lamborghini очекува да го зголеми најмалку два пати производството, до 7000 возила годишно во 2019 година, откако ќе го лансира новиот кросовер, соопштува Ројтерс.



Главниот извршен директор на Lamborghini, Стефано Доменикали, изјави за агенцијата дека компанијата планира да произведува годишно 3.500 парчиња од супер спортскиот SUV, додавајки дека фокусот на спортски автомобили ќе биде зачуван. Доменикали, кој беше назначен за извршен директор во февруари, истакна дека производителот планира да ја прошири дилерската мрежа во светот за околу 20%, на 160 во однос на досегашните 132. Околу 30% од застапништвата и продажбата на компанијата се во САД - најголемиот пазар на брендот.

Автомобилскиот производител продаде рекордни 3.245 автомобили во светот во 2015 година, вклучувајки над 1.000 само во САД.Lamborghini отвара 500 нови работни места во својата фабрика во Сант'Агата Болонезе во Италија, како дел од инвестиција во вредност од стотици милиони евра и проширување на капацитетите. Новиот SUV на марката, која е дел од концернот Volkswagen, ќе биде пуштен во продажба во 2018 годинасо почетна цена 200 илјади долари. Доменикали истакна дека сака да го одржува обемот на брендот ограничен.

Компанијата неодамна го претстави својот модел Centenario Roadster во Калифорнија и истакна дека веќе се продадени сите 20 планирани парчиња, со почетна цена од 2 милиони евра. До 2020 година Lamborghini планира да лансира кросовер plug-in електричен хибрид, како и возило со нулта емисија на штетни гасови.

30-авг-2016 14:00