background image

Scania ја претстави новата генерација камиони

Шведската компанија Scania ја претстави најновата генерација камиони, што е резултат од десетгодишниот развој и инвестиција во износ од 20 милијарди шведски круни (над 2,1 милијарди евра).



Презентацијата беше во Париз во рамките на „Глобалниот форум за одржлив транспорт“.

На настанот на кој присуствуваа околу 1 500 специјални гости од Scania најавија дека ќе воведат нови производи во фази, со јасен акцент на различните клиентски сегменти и согласно внимателно планиран распоред. По првите презентации во Европа, повеќе опции ќе бидат претставени истовремено на пазарите во остатокот од светот. Меѓу подобрувањата кои Scania ги воведува, едно е особено забележително - 5% намалување на потрошувачката на дизел гориво, благодарение на фактори како подобрени погонски системи и подобра аеродинамика.
 

Со присуство на новините, Scania  го проширува своето портфолио и сега благодарение на својот единствен модуларен систем, може да обезбеди повеќе решенија за развој на различни бизниси, поврзување и сеопфатна палета на услуги поврзани со зголемување на продуктивноста, кои се индивидуализирани за секој вид клиент во високо конкурентна транспортна индустрија. Ветувањето е дека клиентите на Scania секогаш ќе можат да вршат работа на најсигурните и ефективен начин, независно од индустријата и делокругот на примена.

„Ова  несомнено е најголемата инвестиција во 125-годишната историја на Scania“, вели Хенрик Хенриксон, претседател и извршен директор на Scania. "Со  гордост претставуваме производи и услугите кои ќе ја однесат Scania на нови нивоа во однос на пазарните удели и ќе не пренесат непречено во следната деценија. Ние презентираме не само нова генерација камиони, но исто така и уникатен и генијален сет на одржливи решенија во форма на производи и услуги кои Scania прва може да ги обезбеди пред сите во индустријата. Ние се концентрираме цврсто на својата основна задача: да им обезбедиме на нашите клиенти потребни алатки за постигнување на профитабилност во нивниот бизнис“.

Производството на новите камиони започнува веднаш во фабриката на Scania во Содертеле. Првично акцентот ќе биде на возила и услуги за транспорт на долги растојанија, а постепено ќе се покријат и други пазарни сегменти, преку предсортирање на повеќе фабрики на Scania и појава на дополнителни можности.

 
27-авг-2016 10:12