background image

Peugeot подготвува два набилдани кросовери

Француската компанија Peugeot работи на пуштање во производство на GTi-верзии на компактните кросовери 2008 и 3008. Ова го соопшти директор за производство на компанијата Лоран Блан.



Според Blan присуството на такви модификации во палетата е дел од новата стратегија на Peugeot. Со оглед на извонредната популарност на овој тип на возила во моментов на Стариот континент ова е многу важен потег. Спортскиот шмек сметаат од Париз дека само ќе ја зголеми побарувачката на двата мошне барани модели на компанијата.

„Сметаме дека секој наш модел треба да се нуди и во топ-верзии - GT, GT Line и GTi. Ова се однесува не само за стандардните автомобили, туку и за кросоверите со што ќе ја кренеме скалило погоре нивната атрактивност“, категоричен е Блан.

Во моментов Французите им нудат на своите клиенти Peugeot 2008 GT Line, Peugeot 3008 GT и Peugeot 3008 GT Line кои се разликуваат од стандардните SUV изведби по надворешноста, внатрешноста и суспензијата. Новите GTi-модификации сепак ќе добијат помоќни мотори, а ќе останат само со преден погон. Во понудата на брендот засега GTi верзиите се достапни само кај два модели. Тоа се хечбек варијантите на 208 и 308. Првиот под хаубата има 1.6-литарски мотор со 208 КС, додека кај вториот турбо-моторот е со ист волумен, но развива 270 КС.

 
26-авг-2016 13:00