background image

Kia се откажува од дизел хибриди?!

Најавите за забрана на дизел агрегатите во одредени земји во светот ги натера повеќе производители да се насочат кон нови технологии.



Еден од нив е Kia каде планираат да го затворат проектот за развој на хибридни системи со учество на дизел мотор.

Изданието Autocar го цитираше шефот на одделот за развој на високоефикасни автомобили на Hyundai Motor Group - Алфред Бурма, според кого работата на хибридни енергетски агрегати продолжува, но во компанијата се загрижени од се пожестоките барања на законските регулативи.

„Присуството на дизел мотор во хибридниот агрегат значително ја зголемува цената на технологијата. Ако ги додадеме уште и се посериозните барања за екологија, навистина одлучивме да се пресметаме и да видиме каде ни е есапот. Во екој случаи постигнато до сега нема да биде фрлено, туку искуствата ќе се користи, но кај хибридните со бензински мотори“, објасни Бурма.

За првпат Kia најави дизел хибрид со концептот Kia Optima T-Hybrid, прикажан на автосалонот во Париз во 2014 година, односно системот се состоеше од 1,7-литарски дизел CRDi и електромотор. При претставувањето на прототипот од компанијата најавија дека неговото користење ќе ја намали потрошувачката на гориво и нивото на штетни гасови за 15-20%.

 
25-авг-2016 13:30