background image

Honda патентира 11-брзински менувач

Honda се здоби со патентните права за автоматски менувач со 11 брзини. Механизмот бил патентиран уште во мај, но дури сега некои медиуми успеаја да ја откријат регистрацијата, бидејќи Јапонците ја добиле официјално неодамна.



Од документите на јапонски може да се открие дека кутијата ќе користи три спојки, што ќе придонесе за многу побрзо и непречено менување на брзините. Сеуште не се знае дали воопшто кутијата ќе стигне до сериско производство. Ако тоа се случи, сепак, најверојатно тоа ќе биде користена за помала економична изведба. Со овој менувач се гарантира многу побрзо менување на брзините што придонесува за помала потрошувачка кај возилата што ќе го користат.

23-авг-2016 14:12