background image

Следниот Range Rover уште полуксузен

Иако Range Rover е еден од најлуксузните автомобили на пазарот на денешницата, луѓето од компанијата сметаат дека сеуште има простор тој да се развива кога е во прашање ова поле.



Automotive News објавува дека следната генерација на моделот ќе биде искористена за база на уште полуксузна верзија од Range Rover SVAutobiography, која ќе биде поставена на пазарот како сличните предлози на Bentley и Rolls-Royce.

Причината за ова е што според плановите следната генерација на Discovery, исто така, ќе нуди повеќе комфор и луксуз и британскиот производител сака да двата модели се разликуваат. Поради тоа, Range Rover ќе биде „премиум“ дури и во стандардната форма, која ќе е основа за специјалните и лимитирани луксузни верзии.

28-јул-2016 14:00