background image

Електричната Lada е подготвена

АвтоВАЗ претстави на фестивал во Санкт Петербург прототип на електричната верзија на седанот Lada Vesta, кој доби додатокот кон името EV.



Моќноста на електричниот мотор на Lada е 82 „коњи“, а обемот на литиум-јонски батерии - 25 kWh.Од 0 до 100 km/h електричната Vesta забрзува за 15,5 секунди, а максималната брзина е електронски огранечана на 140 km/h.

Со едно полнење на акумулаторите Lada поминува максимум 200 километри во градски циклус и 150 при движење надвор од населените места. Целосното полнење на батериите од електрична мрежа трае 9 часа.Не се соопштува каква ќе биде цената на руското возило.

 

27-јул-2016 14:00