background image

Розберг уште две сезони во Мерцедес

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг го продолжи договорот со својот тим до 2018 година.



И покрај несогласувањата со својот тимски колега Луис Хамилтон, Розберг ќе остане во редовите на Мерцедес каде се наоѓа уште од 2009 година.

Тоа значи дека ривалството меѓу двајцата ќе трае најмалку уште две години затоа што и Британецот има договор до 2018. година.
Розберг моментно води во генералниот пласман со 171 бод, четири повеќе од тимскиот колега и актуелен шампион Хамилтон.

Следната трка од Ф1 шампионатот се вози во недела на патеката Хунгароринг за големата награда на Унгарија.

22-јул-2016 10:01