background image

Шкода Кодиак ќе учествува на Тур д Франс

Škoda понуди нови информации за моделот Kodiaq, кој ќе дебитира за време на салонот во Париз оваа есен.



Токму на истото место, во престолнината на Франција, автомобилот ќе продефилира со нефинален облик за време на последните фази од велосипедската трка низ земјата.Маскирната фолија, сепак ќе биде симната за првпат на 1 септември, кога на специјален настан во Берлин чешкиот производител ќе го претстави моделот пред медиумите.

Возилото ќе се нуди со три бензински и два дизел мотори, барем на почетокот. Сите тие ќе имаат турбо полнење, а најмоќниот бензински ќе располага со 180 КС. Како што се и очекуваше, трансмисијата ќе биде  преку 6-брзински мануелен и 7-степен автоматски менувач со две спојки, кои ќе можат да ја испраќаат моќноста до предните или сите четири тркала. Kodiaq ќе се нуди во верзии со пет и седум седишта, како најголем товарен волумен, кој може да биде достигнат, од над 2.000 литри. Машината ќе биде опремена со повеќе камери, кои ќе предаваат слика директно на екранот на навигацискиот систем и ќе помагаат возачот во офроуд предизвици.

22-јул-2016 9:49