background image

Ford ќе прави автомобили од текила?

Ford ja проучува можноста за користење на преработена агаве за создавање на биопластична маса, која ќе се користи во автомобилската индустрија.



За целта марката соработува со еден од најголемите производители на текила - фирмата Jose Cuervo.Според експертите од Ford добиениот материјал е многу отпорен на високи температури. Пластиката од агаве може да биде употребена за внатрешното опремување на возилата, за засилување на електричните кабли и за создавање на прегради за чување на различни предмети. Покрај тоа материјалот излегува погоден за изготвување на елементи од ентериерот и на системот за климатизација. Исто така неговата имплементација ќе ја намали употребата на петрохемиски производи, што ќе влијае благотворно на животната средина.Агаве има потреба од 7 години, за да созрее целосно.

При изработката на текила јадрото на растението се загрева, а сокот се стиска за дополнителна дестилација. Токму поради овој процес во Ford ќе се потпрат на искуствата на производителот на текила Jose Cuervo. Од Агаве исто така се прават разни сувенири, како и хартија.Во компанија веќе се спроведе истражување за создавање на биоматеријали уште од 2000 година. Сега Ford користи осум видови такви суровини, во основа им се соја, рицинусово масло, слама, коноп, целулоза, дрво, кокосови влакна и оризови трици.

21-јул-2016 12:30