background image

Рекордна казна за производителите на камиони

Европската комисија изрече рекордна парична казна во износ од 2.926.499.000 евра на Daimler, Paccar, Volvo / Renault и Iveco за учество во картел за попречување на воведувањето на технологија за намалување на штетните гасови.



Голема сума од санкцијата -  1,01 милијарди девра ќе треба да плати Daimler, додека контролираниот од Volkswagen, MAN, ќе ја избегне казната поради неговата улога во изнесување на потребните факти за нелегалниот договор, по барање на антимонополската комисијата. Казна во износ од 670,4 милиони евра е наметната за Volvo, а Iveco (дел од италијанскиот концерн CNH Industrial) ќе мора да плати 494,6 милиони евра. DAF Trucks, кои се дел од Paccar, се казнети со 752,7 милиони евра.

Четирите компании ја признаа вината за што им  им беа простени 10% од санкциите. Scania, другата од единиците на Volkswagen - не се договори со антимонополските органи и ќе продолжи да биде предмет на истрага.

20-јул-2016 20:15