background image

Infiniti развива револуционерен мотор

Производителот на луксузни автомобили Infiniti развива нов бензински V6 мотор кој во компанијата го дефинираат како „револуционерен“. Новиот агрегат ќе се одликува со високи перформанси и ниска потрошувачка на гориво.



Првиот модел, на кој ќе биде поставен новиот мотор е кросоверот QX50. Автомобилот ќе биде изграден врз основа на концептот QX Sport Inspiration претставен претходно оваа година на салонот во Пекинг. Сите информации за возилото во моментов се држат во тајност, а познато е само дека новиот мотор ќе работи во комбинација со 7-степен автоматски менувач.Прототипот QX Sport Inspiration беше со должина 4.600, а широчината изнесува 1.900 милиметри. Растојанието помеѓу двете оски е 2.800 mm. Дизајнот на кросоверот е во новиот стил на брендот, кој дебитираше нешто порано кај друг концептен прототип - Q80. Кросоверот доби LED светла, масивни браници, панорамски покрив и зголемен клиренс (230 mm). Рачките на вратите се скриени во самата каросерија.


Претходно оваа година во една од јапонските фабрики на Nissan, кој е сопственик на Infiniti, започна производството на нов би-турбо бензински V6 мотор со зафатнина од 3,0 литри. Моторот е наменет само за модели на Infiniti, со него е опремен седанот Q50, а во подоцнежна фаза ќе биде вграден и на спортското купе Q60. Агрегатот е достапен во две варијанти на моќност - 300 и 400 КС.

20-јул-2016 12:55