background image

Францускиот суперспортски DS E-Tense „уловен“ во Париз

Новата креација на PSA - поточно Citroen, односно на нивната луксузна поделба DS се „шета“ слободно низ улиците на француската престолнина. Природно, како што и се очекуваше, футуристичкиот автомобил привлекува огромно внимание.



Автомобилот беше претставен во почетокот на март на Женевскиот автосалон. Шасијата му е создадена од јаглеродни влакна, а електричните мотори ги придвижуваат само задните тркала. Тој располага со моќност од 402 коњски сили, со кои забрзува од 0 до 100 за 4,5 секунди, а неговата тежина достигнува 1.800 килограми. Тежината е значително помала од сличен автомобил, но овде повеќе се тежнее да се претстави иднината на марката, отколку да се натпреварува со конкуренцијата.

Првиот електричен автомобил на компанијата се очекува да се појави во 2019, а до 2021 се очекува да се вкупно четири. Сите тие ќе се изградени врз сосема нова платворма наречена e-CMP, која е развиена заедно со кинеската компанија Dondfeng Motors.

18-јул-2016 15:30