background image

Toyota се откажува од дизелите етапно

Toyota најверојатно ќе стане првиот производител на автомобили кој ќе се откаже целосно од дизел моторите. Ова го објави самата компанија која сеуште не потенцира прецизен период за спроведување на планот.



Како сметаат експертите, тешко дека ќе им треба подолго време на Јапонците да ги отстранат целосно нафтените агрегати од портфолиото, главно поради две причини. Првата од нив е дека слични агрегати Toyota нуди главно во Европа. Стариот континент пак не е најголемиот пазар на авотмобили за Toyota и тука транзицијата може да биде непречена.

Од друга страна, производителот спокојно може да се нарече лидер во хибридните технологии, а освен тоа, развојот кај системите со водородни ќелии исто е така е на завидно рамниште.

17-јул-2016 16:00