background image

Награда Automotive Brand за Opel GT Concept

Opel GT Concept, ѕвездата на автомобилскиот саем во Женева годинава ја продолжува силната традиција на концептните автомобили на марката и го наметнува на свој начин авангардниот дизајн за што досега доби многу вредни признанија.



Тоа сега е потврдено и од Германскиот дизајнерски совет, кој го организира престижниот избор Automotive Brand. Екслузивното жири го избира спортскиот автомобил на иднината во категоријата „концепти“ и му ја додели наградата „Најдоброто од најдобрите“.

Дополнително кон оваа награда Opel доби уште три награди: за дилерски настан со името „Мисија Astra“, кој исто така беше награден со признанието „Најдоброто од најдобрите“ во својата категорија. Системот за персонално поврзување и услуги Opel OnStar, како и новиот конфигуратор за мобилни уреди исто така ги освоија првите места во категориите „Мобилност на иднината“ и „Дигиталност“. За Opel GT Concept Марк Адам, потпретседател на Opel / Vauxhall, одговорен за дизајнот, ќе ја добие наградата на 29 септември, за време на автомобилскиот салон во Париз.

- GT Concept е автомобил од соништата, кој ја прикажува филозофијата на Opel, опишан како „средба на скулпторска уметност со германската прецизност“ на следното ниво. Одекот беше едноставно неверојатен, моделот е прифатен со посебен восхит. Мојот тим и јас сме горди што нашиот концепт за спортски автомобил е награден со признанието за најдобар концепт за 2016 година на конкурсот Automotive Brand , изјави Марк Адамс.

Претставен за прв пат на автомобилскиот саем во Женева во март, GT Concept оддава почит на спортската икона - првиот Opel GT и ги одредува трендовите на идниот развој на брендот. Импресивниот спортист претставува идниот дизајнерски јазик на Opel: нахален, емоционален и спортски. Концептот со компактни димензии е напреден и во исто време „сосема чист“! Изборот за Automotive Brand е меѓународно дизајнерско натпреварување на автомобилските марки. Основан како фондација во 1953 година, Германскиот дизајнерски совет одликува исклучителни производи и комуникациски конструкции и го привлекува вниманието врз фундаменталната важност на брендираниот дизајн во автомобилската индустрија.

 

16-јул-2016 14:00