background image

Audi R8 Spyder V10 веќе во понуда

Откако дебитираше за време на меѓународниот салон во Њујорк, во март годинава, суперспортскиот Audi R8 Spyder V10 веќе официјално е во понуда кај дилерите на компанијата.



Автомобилот, чија базна цена изнесува 179.000 евра за Германија, има 5.2 литарски мотор, кој е комбиниран со седумстепена роботизирана менувачка кутија S tronic и со модифициран систем за погон на четири тркала- quattro, со моќност од 540 коњски сили и максимален вртежен момент од 540 Nm. Вака спакуваната „ѕверка“ е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за 3.6 секунди.

Максималната брзина на движење на автомобилот е 318 km/h. Двоседот Audi R8 Spyder V10 има преклоплив покрив, кој може да биде отворен / затворен при брзина на движење од 50 km/h, а целата процедура трае околу 20 секунди. Tежината на возилото е само 1.612 килограми.

15-јул-2016 21:30