background image

Пристигна обновената Mazda3

Mazda Motor Corporation и официјално потврди дека започнува со продажбата на обновената верзија на моделот Axela / Mazda3 во Јапонија.

 
Главниот фокус во новата верзија на Mazda3 е врз проширувањето на дизелската гама на возилото, која веќе вклучува два предлози- SKYACTIV-D 1.5 и SKYACTIV-D 2.2, како и на пионерот за целата палета на брендот, системот G-Vectoring Control. Новата технологија која е првата од новото семејство SKYACTIV-VEHICLE DYNAMICS на фирмата, работи во комбинација со постоечкиот блок на моторот, а крајниот резултат од нејзината работа е полесно и поадекватно однесување на автомобилот на патот.
 
Друга новина во модификацираниот спектар на обновената Mazda3 е воведувањето на можност за нарачка на интелигентниот систем i-ACTIV AWD кај врезијата SKYACTIV-D 2.2, која е во состојба да го прераспределува вртежниот момент на моторот оптимално помеѓу предните и задните тркала, предвидувајки ги патните услови, состојбата тротоарите и намерите на возачот.
 
Во опремата на обновената Mazda3 ќе можат да бидат откриени, исто така, систем за препознавање на сообраќајните знаци, нов ергономски управувач и седишта, индивидуализирани диодни фарови, состав за автоматско активирање на системот за сопирање во случај на опасност од удар со возило во движење напред и други.
 
15-јул-2016 15:30