background image

Nissan Serena дебитира со функција за автономно управување

Nissan Motor објави дека новата генерација на моделот Serena, којa ќе биде пуштенa во продажба на крајот на август, ќе биде опременa со технологија за автономно управување ProPILOT.



ProPILOT технологијата на Nissan, којa е пионер за еден јапонски производител на автомобили е развиена за употреба на брзи патишта и при движење во една лента. Таа комбинира функции за контрола на управувањето, давањето гас и активирањето на системот за сопирање, на тој начин е во состојба да го направи долгото патување значително попријатно и побезбедно за возачот и неговите сопатници.

Активирањето на радарскиот систем ProPILOT се врши со притискање на копче на управувачот, а возачот има информации за неговата работа благодарение на посебен интерфејс екран, кој се појавува кога се активира технологијата. При активирање на системот ProPILOT, тој автоматски го контролира растојанието помеѓу возилото што се движи напред, а во исто време го задржува автомобилот во средината на лентата, дури и во свиоци. По потреба, технологијата е во состојба да го сопре возилото. ProPILOT на Nissan ќе биде воведен и во други модели на брендот, вклучувајќи го и Qashqai во Европа наредната година.

Во 2018 година, функционалноста на ProPILOT ќе биде проширена со употреба со автоматска промена на сообраќајните ленти при движење по автопатиштата, а автономното движење по стандардни патишта ќе биде лансирано во 2020 година.



14-јул-2016 15:30