background image

BMW X2 наместо новата „петка“ во Париз

Следната генерација на BMW 5 ќе дебитира на салонот во Детроит, во почетокот на 2017 година, а не во Париз во октомври, како што се претпоставуваше досега.



Наместо новата „петка“ во француската престолнина ќе биде претставен кросоверот X2, тврди BMW Blog.За овој модел стана збор уште минатата година, кога британското списание Autocar соопшти дека во Минхен дале зелено светло за проектот. Дотогаш од BMW официјално негираа дека развиваат сличен автомобил.

За кросоверот се знае само дека ќе биде изграден на платформата со преден погон UKL2 која е во основата на новата X1. Двојниот погон ќе се нуди со доплата. Воедно ќе бидат користени и многу технолошки решенија од помалиот брат, како и агрегатите.Парискиот автосалонот ќе се одржи од 1 до 16 октомври, а Детроитската изложба ги отвора вратите на 8 јануари.
 

13-јул-2016 20:22