Ads

мото

тамбови

Мерцедес го презентираше новиот болид

Екипата на Мерцедес го претстави болидот W03 со кој Шумахер и Розберг ќе возат во претстојната сезона од Формула 1 шампионатот.

Петров го менува Трули во Катерам

Формула 1 тимот на Катерам соопшти дека на местото на Италијанецот Јарно Трули го ангажирале Русинот Виталиј Петров.

Највисоко државно признание за Фетел

Светскиот првак во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел пред почетокот на новата сезона ќе го добие највисокото германско државно признание во областа на спортот - Сребрен лоборов лист.

Со колата на тато директно во море

Рели возачот Џорџ Мидек доби дозвола од ствојот татко, поранешниот шампион Ендрју Мидек, да го вози неговиот автомобил, но под услов да победи на трката и да не му го оштети неговото милениче на четири тркала.

Ред Бул со РБ8 во одбрана на титулата

Актуелниот шампион во конкуренција на конструктори Ред Бул го претстави болидот во кој Себастијан Фетел оваа година ќе ја брани шампионската титула.

Картикејан продолжува во ХРТ

Индискиот возач Нараин Картикејан потпиша нов договор со шпанскиот тим на ХРТ.

Ферари го промовираше новиот болид

Откако беа приморани да ја откажат големата презентација заради облините снежни врнежи во Италија, тимот од Маранело го промовираше болидот F2012 преку својата вебстрана.

Мекларен го претстави МП4-27

Мекларен во седиштето на тимот во Вокинг го претстави новиот болид МП4-27 со кој возачите Луис Хамилтон и Џенсон Батон во новата сезона ќе атакуваат на титулата.

Условна затворска казна за Зутил

Ф1 возачот, Адријан Зутил е осуден на условна казна од 1,5 година затвор, бидејќи минатата година со искршена чаша го повреди косопственикот на Лотус, Ерик Лукс.

Сена ќе вози за Вилијамс

Бруно Сена внукот на Аиртон Сена го врати славното име во екипата на Вилијамс каде ќе вози во следната сезона од Формула 1 шампионатот.

Новиот Ферари на 3. февруари

Италијанскиот Ф1 тим Ферари објави дека на почетокот на следниот месец ќе го претстави новиот болид кој би требало да ги врати на старите патеки на успехот.

Каталонија ја укинува ГН Шпанија?

Регионалната влада на шпанската покраина Каталонија во иднина нема да биде во можност да ги финансира формула 1 и трката во мотоциклизам кои се одржуваат во оваа област.

"Докторот" не размислува за пензија

Деветкратниот светски шампион Валентино Роси изјави дека не размислува за повлекување, туку е концентриран на успех со својот тим Дукати.

Раиконен за две недели на патеката

Финецот Кими Раиконен првите кругови на патеката по повлекувањето од Формула 1 во 2009 година ќе ги направи за две недели на тестирањето на патеката во Валенсија.

Петерхансел и Кома во водство на Дакар

Мотоциклисотот Марк Кома ја освои осмата етапа и го презеде водството, а кај автомобилистите во генералниот пласман водството го задржа Стефан Петерхансел.

Ред Бул го ангажира Буеми

Шампионскиот тим Ред Бул потврди дека во следната сезона тест возач ќе биде 23-годишниот Швајцарец Себастијан Буеми.

Тешко ранет мотоциклист по судар со крава

Мотоциклистот Бруно Да Коста е тешко ранет откако се судрил со крава на втората етапа од релито Дакар.

Француски мотоциклист во критична состојба

Францускиот мотоциклист Себастијан Ку се наоѓа во критична состојба откако е пронајден во бесознание на една одалечена песочна дина на релито Дакар, кое се вози во Аргентина.

Нова трагедија на релито Дакар

Откако на првиот ден загина мотоциклистот Боеро, на втората етапа од релито Дакар загинаа 11-годишно дете и неговиот татко.

Трагичен почеток на релито Дакар

Релито Дакар 2012 започна со трагедија. Аргентинецот Хорхе Мартинес Боеро загина уште на првиот ден на традиционалната трка.

Изјава

Никој ништо не слуша. Додека не прднеш.
анон.

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads
Ads

Деновиве по Твитер и Фејсбук почнаa да кружат страотни фотки од чаша за деца купена во Скопје, која иде со гратис олово и кинески весник. Во случај да не сте налетале на нив, еве ги, па видете што увезуваме.

Некој слика масло на платно, некој ваја скулптури, а некој плете и расплетува кредитни картички. Се вика Димитри Цикалов и на оригинален начин ја прикажува економската нестабилност во светот.

Дечково изгледа како цел живот да одел на часови по танц, ама тоа што го научил не го прави на подиум, туку на точак. И супер му оди со партнерот што си го избрал.

Не е битно што ќе му се случи нему. Битно е дамата да си ја добие ташната назад, а крадците, по можност, да добијат малку ќотек.

Американскиот деловен магнат збор - два ја советува Мис на Универзум, Дајана Мендоза, околу дечкото и парите. Советот и не е баш неочекуван.

На 21 февруари 1947-ма година во Њујорк, физичарот Едвин Херберт Ленд, еден од основачите на Полароид, ја презентира првата инстант камера. Еве како изгледа претставувањето на тогаш револуционерниот фотоапарат пред 65 години.

Толку едноставно, а толку ефектно. За само 2-3 минути на мајсторов му успеа од гитарата да направи уметничко дело. А изгледа како да ја боел со саати.

Во сеќавање на гранџерот кој денес ќе наполнеше 45 години. "Повеќе би сакал да ме мразат за тоа што сум, отколку да ме сакаат за тоа што не сум", Курт Кобејн.

Велосипедист со висока сообраќајна култура покажува што треба да направите кога колите не ве пропуштаат и ви го сечат патот.

Нема шанси рибар што ќе го гледа клипов да ви се налути ако му кажете „среќно“. Не било сè само кулирање во кајче и чекање некоја ситна рипка.

5
највисока темп.
-3
најниска темп.
©2011 www.on.net.mk