Вилијамс му го украде шоуто на Лин |
Вилијамс му го украде шоуто на Лин
„Линоманијата“ започна на натпреварот токму против Њу Џерси, но овој пат Дерон Вилијамс го украде шоуто и му се освети на Лин. Дирк Новицки влезе во најдобрите 20 стрелци, а Џејсон Кид е на второто место според украдени топки во историјата на НБА.
| « врати се назад |

Џереми Лин повторно прикажа одлична партија, но овој пат Њу Џерси во своите редови го имаа Дерон Вилијамс. Тој го одигра најдобриот натпревар оваа сезона, го надигра Лин и постигна 38 поени.
Лин натпреварот го заврши со 21 поен, 9 асистенции и 7 скокови, а во редовите на Никс по пауза од седум натпревари се врати и Кармело Ентони, но тие не го спречија поразот од 100:92.
Далас Маверикс забележаа победа од 89:73 над Бостон Селтикс, а овој натпревар беше многу значаен за Дирк Новицки и Џејсон Кид.
Новицки постигна 26 поени, 16 скокови и 2 блокади и со вкупно 23.354 поени се најде помеѓу најдобрите 20 стрелци во историјата на НБА лигата. Тој на овој натпревар ја забележа и 1.000-та блокада.
Џејсон Кид украде три топки на овој натпревар и го помина Мајкл Џордан (2.514) на втората позиција и сега пред него на вечната листа на играчи со најмногу украдени топки се наоѓа само Џон Стоктон.
Тони Паркер со 23 поени го предводеше Сан Антонио до 11-та победа во серија, победувајќи ја Јута со 102:106, Коби Брајант реализираше 28 поени во победата на Лејкерс над Портланд со 103:92. По пауза од пет натпревари во тимот на Чикаго се врати Дерик Роуз и постигна 23 поени со што беше најзаслужен за победата од 90:79 над Атланта.
ЛА Лејкерс - Портланд 103:92
Голден Стејт - ЛА Клиперс 104:97
Феникс - Вашингтон 104:88
Денвер - Минесота 103:101 пр.
Јута - Сан Антонио 102:106
Оклахома - Њу Орлеанс 101:93
Далас - Бостон 89:73
Хјустон - Мемфис 97:93
Милвоки - Орландо 90:93
Њујорк - Њу Џерси 92:100
Чикаго - Атланта 90:79
























