Трета гостинска победа на Лејкерси |
Трета гостинска победа на Лејкерси
Кошаркарите на ЛА Лејкерс славеа на гостувањето против Денвер со 93:89, остварувајќи ја само третата гостинска победа во десет одиграни меча.
| « врати се назад |

Ендрју Бајнам ги предводеше Лејкерси со 22 поени, 10 скока и три блокади, а Коби Брајант со слаб шут (7/23 од поле) забележа 20 коша.
За Лејкерси ова е само втора победа во Пепси центарот во последните седум дуели, со која ја започнаа серијата од шест последователни гостувања.
Мајами со серија од 15:0 во последниот период триумфира на гости над Филаделфија со 99:79. Три четвртини резултатот беше изедначен, а потоа гостите од Флорида за неколку минути ја променија ситуацијата на паркетот и убедливо славеа.
Двејн Вејд беше лидер со 26 поени, а Леброн Џејмс придодаде 19 коша, 12 скока и осум асистенции.
Оклахома пред своја публика го порази Мемфис со 101:94. Во последната минута се влезе со резултат 94:94, а потоа на сцена стапи Кевин Дурент, кој постигна седум поени во низа и ја донесе победата на Оклахома. Дурент беше и најефикасен на мечот со 36 поени и 10 скока.
Марк Гасол постигна 24, а Руди Геј поен помалку кај Гризлис.
Никола Пековиќ беше најзаслужниот за победата на Минесота на гостувањето против Њу Џерси Нетс од 108:105. Популарниот Пекмен постигна најмногу во НБА кариерата 27 поени и придодаде 11 скока за Тимбервулфс.
Бостон по подолго време настапи во комплетен состав и го победи Њујорк со 91:89. Кевин Гарнет мечот го заврши со 15 поени и осум скока и влезе во историјата како трет играч кој забележал преку 10.000 дефанзивни скока во кариерата.
Орландо-Кливленд 102:94
Филаделфија-Мајами 79:99
Торонто-Вашингтон 106:89
Детроит-Милвоки 88:80
Њу Џерси-Минесота 105:108
Хјустон-Феникс 99:81
Оклахома-Мемфис 101:94
Бостон-Њујорк 91:89
Далас-Индијана 87:98
Денвер-ЛА Лејкерс 89:93
























