Торус без шанси во Кавадарци |
Торус без шанси во Кавадарци
Екипата на Фени индустри славеше со 75:67 над Торус во дерби натпреварот од 4. коло на Суперлигата.
| « врати се назад |

Кавадарчани по почетната негатива го добија првиот период со 19:13, а благодарение на одличната соработка меѓу Џарид Фрај и Дарко Соколов, Фени на полувреме замина со предност од 39:32.
Составот на Марјан Србиновски се обиде да ја стигне негативата со поените во серија на Караџовски и Караколев, но домаќините не дозволија изненадување и во последниот период направија убедлива разлика, која ја сочуваа до крајот.
Колективната игра беше главното оружје на Фени, кој настапи без повредените Лилов, Симоновски и Брчков.
Душан Кнежевиќ и Дарко Соколов постигнаа по 17 поени, Кирил Николовски уфрли 13, а Џарид Фрај имаше 11 поени и 14 скока.
Димитар Караџовски и Бојан Трајковски забележаа по 16 поени кај Торус.
Во вториот денешен натпревар ослабениот Работнички загуби во Градски парк од Куманово со 92:98.
Прв стрелец во победничкиот тим беше Урош Луковиќ со 26 поени и 13 скока, додека најдобар кај Работнички беше Немања Јелесијевиќ со 31 поен.
























