Шоу на Тони Паркер |
Шоу на Тони Паркер
Во 13 одиграни натпревари во НБА лигата, ѕвезди на вечерта беа Тони Паркер и Николас Батум.
| « врати се назад |

Блескава партија имаше Тони Паркер, кој реализира 42 поени и имаше девет асистенции во победата на Сан Антонио од 107:96 над Оклахома.
Со 4,447 додавања Паркер стана најдобар асистент во историјата на Спарс, надминувајќи го легендарниот Ејвери Џонсон. Сан Антонио на домашен терен сезонава има скор од 13-1.
Во редовите на Оклахома, Кевин Дурент оствари 22 поени и 11 скока.
Николас Батум со рекордни во кариерата 33 поени и исто така рекордни девет тројки му донесе победа на Портланд од 117:97 над Денвер. Ламаркус Олдриџ придодаде 29 коша, а Маркус Кемби имаше 20 скока за Трејлблејзерс.
Јута беше подобра од ЛА Лејкерс и славеше со 96:87. Ал Џеферсон со 18 поени и 13 скока и Пол Милсап со 16 коша и 13 скока беа лидери кај "џезерите".
Коби Брајант уфрли 26 поени, а По Гасол постигна 24 коша за Лејкерси.
Дебитантот Кајри Ирвинг со 20 поени и седум асистенции беше најзаслужен за триумфот на Кливленд од 91:88 над шампионот Далас.
Резултати:
Атланта-Филаделфија 87:98
Индијана-Орландо 81:85
Вашингтон-ЛА Клиперс 81:107
Кливленд-Далас 91:88
Детроит-Њу Орлеанс 89:87
Њујорк-Њу Џерси 99:92
Минесота-Хјустон 100:91
Милвоки-Чикаго 90:113
Сан Антонио-ОКлахома 107:96
Феникс-Шарлот 95:89
Јута-ЛА Лејкерс 96:87
Портланд-Денвер 117:97
Сакраменто-Голден Стејт 114:106 (во продолжение)
























