Шампионот падна во Куманово и го загуби врвот |
Шампионот падна во Куманово и го загуби врвот
Куманово забележа голема победа, откако во продолжение го совлада шампионот Фени индустри со 92:88.
| « врати се назад |

Регуларниот дел заврши 78:78, а во продолжението клучен беше Александар Костоски, кој постигна тројка и реализира четири слободни фрлања за триумф од 92:88.
Со третиот пораз сезонава Фени падна на второто место на табелата зад МЗТ Скопје, имаaт ист број бодови, но составот од Аеродром е со подобра кош разлика.
Торус на домашен терен беше подобар од Лирија и ја совлада со 77:72.
Во неизвесна завршница составот на Марјан Србиновски имаше поголема концентрација и стигна до победата со што ја задржа третата позиција на табелата.
Димитар Караџовски и Бојан Трајковски постигнаа по 21 поен, а кај гостите Филиповиќ и Тасовски дадоа по 16 коша.
























