Прв пораз на ЦСКА, Барселона во четвртфинале |
Прв пораз на ЦСКА, Барселона во четвртфинале
По 13 победи, екипата на ЦСКА на гостувањето кај Галатасарај го претрпе првиот пораз оваа сезона во Евролигата, а Барселона со победата над Жалгирис избори пласман во четвртфиналето.
| « врати се назад |

Галатасарај предводен од скопјанецот Октај Махмути успеа да му и го нанесе првиот пораз на ЦСКА оваа сезона.
Во драматичен финиш на шест секунди до крајот при резултат 66:63, Теодосиќ имаше шанса да израмни, но погоди само едно од трите слободни фрлања. На спротивната страна реализираше Шип и го постави конечниот резултат 68:64.
Најефикасен кај Галатасарај беше Џошуа Шип со 22 поени, Швед и Каун постигнаа по 11 поени за ЦСКА.
Барселона долго се мачеше со Жалгирис, но на крајот славеше со 58:67 и избори пласман во четвртфиналето.
Најефикасен на натпреварот беше Наваро со 18 поени, а Делининкаитис постигна 17 поени за домаќините.
Топ 16 фаза, 4. коло:
Група Е:
Ефес - Олимпијакос 65:67
Галатасарај - ЦСКА Москва 68:64
Табела: ЦСКА 3/1, Олимпијакос 2/2, Галатасарај 2/2, Ефес 1/3
Група Ф:
Билбао - Реал 93:69
Монтепаски - Уникаха 84:69
Табела: Монтепаски 4/0, Реал 2/2, Билбао 2/2, Уникаха 0/4
Група Г:
Армани Милано - Уникс 63:58
Панатинаикос - Фенербахче 72:62
Табела: Уникс 3/1, Панатинаикос 3/1, Фенербахче 1/3, Милано 1/3
Група Х:
Макаби - Канту 75:60
Жалгирис - Барселона 58:67
Табела: Барселона 4/0, Макаби 2/2, Канту 2/2, Жалгирис 0/4
























