Прекината победничката серија на Лин и Никси |
Прекината победничката серија на Лин и Никси
Заврши низата од седум победи по ред на Њујорк Никс, откако во "Медисон Сквер Гарден" загубија од Њу Орлеанс со 85:89. Никси за прв пат беа поразени од кога сензацијата Џереми Лин е во првата петорка.
| « врати се назад |

Тревор Ариза ги предводеше Хорнетс со 25 поени за трета последователна победа, но и натаму се најлошиот тим на Западот.
Џереми Лин и Амаре Стадемаер постигнаа по 26 коша, но Лин имаше и девет загубени топки со што го изедначи негативниот рекорд во лигата во оваа сезона.
Леброн Џејмс повторно се врати во својот Кливленд чии навивачи се уште не му го заборавија "предавството" и заминувањето во Мајами.
Секој пат кога ќе ја допреше топката беше исвиркуван, но и тоа не му попречи да биде најдобар играч на паркетот со 28 поени и по пет скока и асистенции во триумфот на Мајами од 111:87. Двејн Вејд придодаде 22 коша, а Крис Бош реализира 16 коша и 12 скока за осмата победа на последните девет дуели.
Шампионот Далас славеше во Филаделфија со 82:75, надополнувајќи негатива од 15 поени. Дирк Новицки постигна 24 поени во второто полувреме исто колку и целата домашна екипа, а мечот го заврши со 28 коша и 12 скока за шести триумф во низа на Маверикс.
Шарлот Бобкетс го израдуваа за роденден својот сопственик, Мајкл Џордан со прекинување на серијата од 16 порази по ред. Шарлот беше подобар од Торонто со 98:91, а најистакнат беше Вилијамс со 22 поени.
Орландо - Милвоки 94:85
Торонто - Шарлот 91:98
Кливленд - Мајами 87:111
Детроит - Сакраменто 114:108
Хјустон - Минесота 98:111
Њујорк - Њу Орлеанс 85:89
Филаделфија - Далас 75:82
Оклахома - Голден Стејт 110:87
Мемфис - Денвер 103:102
Јута - Вашингтон 114:100
ЛА Лејкерс - Феникс 111:99
























